Меѓународната кинолошка федерација ја призна расата караман како автентично македонско куче

Меѓународната кинолошка федерација ја призна расата караман како автентично македонско куче

Караман официјално е признаен како автентична македонска раса на куче. Одлуката на Меѓународната кинолошка федерација е донесена врз основа на евалуација на генетските карактеристики, стандардите и историските извори кои потврдуваат дека расата со векови е присутна на македонската територија.

Ова куче е познато по својата издржливост, интелигенција и силно изразен заштитнички инстинкт, а традиционално се користело како чувар на стада и домови, особено во руралните и планинските предели. Признавањето на Караман претставува значаен чекор за македонската кинологија, но и за зачувување на националното културно и биолошко наследство

Back to top button
Close