Мицкоски: Ме викна Пленковиќ и го испуштив комерцијалниот лет, побарав да ми го пратат нашиот авион од Сплит да ме врати дома, имав обврски
Мицкоски денеска одговори на пишувањата во медиумите колку пати и за која намена го користел воздухопловот.

„Бидејќи се отвори дебата за мене, должен сум да одговорам. Јас сум го користел не три пати, туку четири пати“, рече Мицкоски.
Тој објасни дека еднаш го користел воздухоловот кога на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан имал билатерална средба во Будимпешта. Натаму патувал со комерцијалне лет до Виена, поради тоа што еден од екипажот кој што управува со воздухопловот имал приватни обврски и не бил во состојба да го однесе до дестинацијата. За назад дошле по премиерот затоа што имал итни неодложни состаноци во Скопје. Покрај билатералната престој таму го искористил да настапи на настан што го организирала сестринската партијата Фидез.
Вториот пат бил исто така на покана на истата сестринска партија на настан кој што тие го организирале во Белград.
„Тогаш и отидов и се вратив, тоа не е споменато во јавниоста, сакам и ова да се забележи. Сам патував и дел од луѓето кои што се мое обезбедување“, рече премиерот
Третиот пат, како што додаде, бил до Хрватска со комерцијален лет на Кроација ервејз до Сплит на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, при што имал работна вечера. Годишниот одмор кој што требал да трае три дена го продолжил за еден ден, односно да трае четири дена, поради што го испуштил повратниот лет со комерцијалниот лет до Скопје, а следниот ден, како што појасни, имал неодложни обврски, па затоа дошол владиниот воздухоплов, го земал од аеродромот во Сплит и го донел во Скопје. Премиерот притоа не објасни дали патувал сам, или со членови на неговото семејство.
Четвртиот пат бил деновиве заедно со шефот на неговиот кабинет и со советникот за надворешни работи, амбасадорот Марковски, до Тирана и од Тирана до Скопје.
„Еве сега најавувам дека во почетокот на јуни најверојатно ќе го користам владиниот водухоплов до Подговица и истиот ден ќе се вратам назад, бидејќи не би сакал да останам повеќе од еден ден поради неодложните обврски кои што ги имам во Владата“, реќе Мицкоски.






