ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Џип Range Rover на полициски инспектор е запален ноќеска во Македонија

Синоќа во Струмица позади „Жито маркет“, во близина на поранешниот „Симпо“, избувна пожар во кој целосно беше зафатен џип „Range Rover“.

Од огнената стихија оштетено е и друго возило паркирано во непосредна близина.

Според неофицијални информации, возилото е во сопственост на поранешен инспектор за наркотици.

Се анализираат снимките од надзорните камери во околината, со цел да се утврди како точно избил пожарот и дали станува збор за кривично дело.

Истрагата е во тек. МВР најавува детали за пожарот. објави Скопје1.мк

Повеќе на newz24live.com

Back to top button
Close