Македонец му е цимер на Груби во Шутка. Не се чуствувал безбедно од некој затвореници Албанци.
Уапсениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер обвинет за проневера на над 8 милиони евра во „Државна лотарија“, кој се предаде утринава околу 6 часот на граничниот премин Блаце, е сместен во затворот во Шутка со само еден затвореник, Македонец, од безбедносни причини.
До неговата затворска просторија има посебно, 24-часовно обезбедување.
Како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот „Скопје“ во Шутка, пред задолжителниот лекарски преглед, Груби бил прашан дали од некого од притворените не се чувствува безбедно, односно дали има сознанија дека во затворот има лице или повеќе лица од кои чувствува опасност.
Повеќе ТУКА






