Како нема ниту една камера за 5 тони дрога а има камери за Груби?

Соопштение на СДСМ

Како нема ниту една камера за 5 тони дрога а има камери за Груби?

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција рече дека враќањето на Груби е договорено меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ и очигледен дефокус од најголемите скандали на власта.

„Како нема ниту една камера од 65 илјади камери за 5 тони дрога а има камери за Груби?”, праша Кузеска.

Таа посочи дека повеќе од 20 дена јавноста нема одговор за тоа како 5 тони дрога ја преминале границата.

„’Лесни македонски перници’, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи замешани се и од царината и од полиција, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски”, рече Кузеска.

Наместо истрага и одговорност, јавноста сведочи на медиумски спектакл.

„Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата но ќе добијат театар, како денеска”, потенцираше таа.

Кузеска нагласи дека нема одговор ниту од обвинителството.

„Повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството”, рече таа, потсетувајќи и на тендерските скандали кои, како што изјави, „водат до најтесниот круг околу Мицкоски”.

Таа оцени дека станува збор за свесна стратегија за дефокус.

„Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус. Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихуана од Струмица. Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски”, нагласи таа.

На крајот, Кузеска порача дека одговорност мора да има.

„Ова нема да помине. Секој што го прекршил законот ќе одговара”, истакна портпаролката на СДСМ.

 

 

Back to top button
Close