Реките со повисок водостој од августовскиот просек

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека поголем дел од реките во државата имаат повисок водостој од просекот за август.

Зголемен водостој во однос на августовскиот просек е забележан кај реката Вардар на сите мерни места. Најмногу или за 92 сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Демир Капија. Повисок е водостојот и на Пчиња кај Катлановска Бања, на Црна Река и Црн Дрим.

Понизок водостој имаат реките Лепенец, Крива Река и Струмица.

Кај езерата, денешните мерења покажуваат дека повисоко е нивото на Дојранското Езеро, а пониско на Преспанското Езеро. За Охридското Езеро денеска не се достапни податоци.

Back to top button
Close