Јаневска во Тетово: Во државата постои еден службен јазик и нема потреба од преведувач

Во пресрет на јавната дебата во Тетово за Предлог-законот за високо образование, министерката за образование и наука Весна Јаневска повторно се осврна на прашањето за употребата на јазиците.

На новинарско прашање дали смета дека при следната посета на Тетово треба да ангажира преведувач на албански јазик, Јаневска одговори дека во државата постои еден службен јазик и дека нема потреба од преведувач.

„Во Македонија има еден службен јазик и уште еден што го зборуваат заедниците. Се наоѓам во Тетово, каде што се зборува албанскиот јазик, но не треба да имам преведувач. Вие треба да го знаете и македонскиот јазик. Јас малку разбирам албански и тоа сум го кажала повеќепати, но за да не направам грешка во преводот, замолувам да ми се преведе. Ако сакаме да живееме во нашата заедничка земја – а тоа сум го повторила многупати – треба да се почитуваме и да ги почитуваме различностите. По можност да си ги знаеме јазиците, а доколку не можеме да се разбереме, треба да си помагаме едни на други“, изјави Јаневска.

По нејзината изјава, еден од присутните новинари ѝ порача дека при наредната посета на Тетово сепак треба да ангажира преведувач.

„Следниот пат кога ќе дојдете во Тетово, треба да си земете преведувач“, рече новинарот

Back to top button
Close