СДСМ: Падот на Орбан ја руши целата криминална организација, Мицкоски и Вучиќ брзаат со предвремени избори

По убедливиот пораз на Виктор Орбан, сега се распаѓа целата криминална мрежа која ја градеше со години. Во Унгарија почнуваат истраги, а во Србија Вучиќ веќе подготвува предвремени избори, се наведува во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално.

Мицкоски, како послушен ученик, прави точно она што му кажува неговиот „голем брат“ Вучиќ – и тој брза кон предвремени избори.

Зошто толкаво брзање?

Затоа што во Будимпешта наскоро ќе започнат сериозни истраги кои директно ќе ги поврзат Орбан, Вучиќ и Мицкоски.

Во Македонија постои 40% Орбанова медиумска мрежа, перење пари, кинески кредити и сомнителни тендери. Кога тие истраги ќе тргнат, сето тоа ќе излезе на виделина.

Во исто време, во буџетот веќе нема пари. Владата се задолжува секојдневно.

Како што СДСМ месеци наназад предупредуваше – штом снема пари за тендери и за полнење на џебовите, веднаш почнуваат подготовки за избори.

Мицкоски и Вучиќ најмногу се плашат од истрагите кои ги најави Петер Маѓар. Тие знаат дека кога ќе почнат да се отвораат досиејата, ќе мора да одговараат за медиумската машинерија, перењето пари и криминалот.

Граѓаните јасно гледаат: ова не е политика за Македонија. Ова е политика за преживување на криминалната организација.

Петер Маѓар на 9. мај, на Денот на Европа, ја презема власта во Унгарија, а веќе во текот на летото се очекува да ги замени судиите и обвинителите кои ги постави Орбан за да ја штитат неговата криминална мрежа – по истиот модел по кој Мицкоски ги постави своите луѓе. Есенва ќе биде многу непријатна за орбановиот балкански двоец Мицкоски – Вучиќ.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

На кого ќе му ја поклони Петер Шац орбановата Алфа ТВ?

Еден од најмоќните медиумски газди во Унгарија, Ѓула Балаши, чии компании години наназад добиваа стотици милиони долари од владини реклами под Орбан, денеска објави дека бесплатно ѝ го предава целиот свој бизнис на државата – проценет на околу 257 милиони долари.

Ова е најновиот јасен знак дека по убедливиот пораз на Виктор Орбан, дел од неговите најбогати лојалисти брзаат да се дистанцираат и да ги „поклонат“ своите империи на новата власт на Петер Маѓар, кој вети ревизија на корупцијата и враќање на украдените пари.

Оваа мрежа служеше за Орбановата пропаганда и ширење лажни вести против опозицијата во Унгарија.

А кај нас?

Петер Шац и неговата орбановска мрежа уште ја држат  Алфа ТВ и поголемиот дел од медиумскиот простор во служба на ВМРО-ОКГ и Мицкоски?

Додека во Унгарија тајкуните почнуваат да се откажуваат од имотот и да се спасуваат, кај нас Орбановата медиумска машинерија продолжува да работи полна пара – да шири лаги, да фабрикува афери и да ја штити криминалната група на Мицкоски.

Прашањето е: до кога?

За оваа иста мрежа има поднесени кривични пријави за перење пари. Тужбите стојат во фиока, ќе видиме до кога.

Прашањето на СДСМ е кому ќе му ја поклони Петер Шац Алфа ТВ кога Маѓар ќе почне да ги ревидира Орбановите медиуми и да ги враќа украдените пари?

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

СДСМ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close