Министерството за транспорт го објави јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси

Понудувачот што ќе биде избран како најповолен има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок од 18 месеци

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи.

Согласно критериумите во јавниот повик, понудувачот што ќе биде избран како најповолен има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок од 18 месеци. Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.

Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Градот Скопје, а преостанатите 50 за општините.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Сител на почетокот на неделава рече дека е убеден оти до јуни или јули годинава ќе пристигне првата пратка нови автобуси за главниот град, што значително ќе ја олесни кризата со јавниот градски превоз

Back to top button
Close