Пуштање во употреба на реконструираната обиколница кај Крива Паланка

Во присуство на претставници од Владата денеска ќе биде пуштена во употреба реконструираната обиколница Крива Паланка. Станува збор за значаен проект од Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир ккон Бугарија.
На официјалното пуштање најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.






