Почина Горанчо Крстев – Грга, екс градоначалник на Општина Чешиново-Облешево

Почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, 55-годишниот Горанчо Крстев – Грга.
Крстев беше на чело на општината во периодот од 2017 до 2021 година, оставајќи белег во локалната самоуправа и политичкиот живот во регионот.
Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал.
Веста за неговата смрт предизвика реакции и изрази на сочувство кај граѓаните, пријателите и политичките соработници.
Извор: fokus.mk






