СДК-МАКЕДОНИЈА ЗАБОРАВИ ДА ЈА ПРОСЛАВИ 730-ГОДИШНИНАТА НА ОХРИДСКАТА ЦРКВА „СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА“ КОЈА САД ЈА СПАСИЈА СО 650.000 ДОЛАРИ
Изградена и живописана во 1295 година во стариот дел од Охрид, кај Горна Порта, „Перивлепта“ се смета за зачеток на Ренесансата на овие простори. (Фото: СДК.МК)
Македонските власти заборавија да ја одбележат 730-годишнината од изградбата на црквата „Света Богородица Перивлепта“, еден од најзначајните средновековни духовни и уметнички споменици во Охрид, за чија реставрација САД дадоа 650.000 долари. Изградена и живописана во 1295 година во стариот дел од Охрид, кај Горна Порта, „Перивлепта“ се смета за зачеток на Ренесансата на овие простори.
Позната по својот извонреден фрескоживопис и архитектура, со американскиот грант беше беше комплетно реставрирана и конзервирана во периодот од 2009 до 2016 година спасена од пропаѓање. Во 2019 ја посети и тогашниот државен секретар на САД Мајк Помпео, во рамките на официјалната посета на земјава.
Позната по својот извонреден фрескоживопис и архитектура, со американскиот грант беше беше комплетно реставрирана и конзервирана во периодот од 2009 до 2016 година спасена од пропаѓање. (Фото: СДК.МК)
„Храмот, кој е вистински бисер на византиската уметност и сведоштво за културниот подем на градот во 13 век, заслужува многу поголемо внимание од институциите и јавноста“, вели охридскиот новинар Стојан Савески коментирајќи што јубилејот помина без соодветна институционална афирмација.
Савески во чест на јубилеите ја објави книгата „Света Богородица Перивлепта – Свети Климент“ посветена на историјата, архитектурата и уметничкото богатство на црквата, што претставува значаен придонес во истражувањето и афирмацијата на нејзината вредност.
Повеќе на СДК.МК






