Нови цени на горивата од полноќ

Македонските возачи со неизвесност ја очекуваат денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

По петочниот скок на дизелот од два денари, денешната корекција доаѓа во момент на драматична глобална дестабилизација. Цените на нафтата на светските берзи утрово експлодираа за речиси 10%, достигнувајќи највисоко ниво во последните четири години.

 

Причина за овој шок е американско-израелската операција „Епски бес“ против Иран.

Со оглед на тоа што РКЕ ги формира домашните цени врз основа на движењата на светските берзи во изминатите денови, денеска е речиси извесно дека бензините и дизелот ќе добијат нови, повисоки цени кои ќе ги рефлектираат воените случувања на Блискиот Исток

Back to top button
Close