Мајката на Ивона Антова – девојче кое загина во „Пулс“: Вратете ги нејзините лични работи, спомени од едно невино убиено дете!

Иако се уште не е започната постапката за враќање на личните предмети од пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, апел на социјалните мрежи испраќа Стојка Иванова-Антова, мајка на загинатата Ивона Антова.

Таа бара сите кои биле во полициските простории или имале контакт со предметите пронајдени по увидот, да ги вратат кај вистинскиот сопственик – за спомен.

„Не барам ништо туѓо. Барам само она што беше на моето дете“ вели мајката.

Бара да се вратат кожно долго палто – мантил, нараквица од „Тифани“, дебела сребрена нараквица како на фотографиите, обетки од „Сваровски“, прстени, очила од „Емпорио Армани“ и зелен „Ајкос“.

„Шминките не се важни, но ова се нејзини лични работи и треба да се вратат таму каде што припаѓаат. Вратете ги со мирна совест, зашто тоа се спомени од едно невино убиено дете. Една мајка ве моли“ – пишува мајката на ФБ.Од денеска до 6 март годинава ќе се врши идентификација и враќање на личните предмети пронајдени на местото на пожарот што се случи на 16 март 2025 година.

Како што информираат надлежните, сите повредени лица, како и блиските членови на семејствата на починатите и другите присутни на настанот, можат да се обратат во просториите на ОВР Кочани

Back to top button
Close