СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците, срамни 1.600 денари наместо 600 евра минимална плата

Соопштение на СДСМ:

Владата на Мицкоски ги изигра работниците, срамни 1.600 денари наместо 600 евра минимална плата

Нема ништо од зголемување на минималната плата, само законско усогласување од срамни 1.660 денари.

Владата на Мицкоски ги изигра работниците кои едвај врзвуваат крај со крај.

Со волку ниско ниво на минимална плата работниците се доведени на раб, бидејќи не можат да ги покријат трошоците за основни потреби на своите семејства, за храната и сметки.

Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра има за лукзсузирање со владиниот авион, за мебел и возила за функционерите, има за криминални тендери.

Дури и авионот не сакаат да го тргнат, се уште стои во Буџетот сумата од 124 милиони денари, доволен за рата. Ќе измислат и лизинг поради колената.

Само за работниците нема пари.

Очигледно работниците не се вклопуваат во бизнистот на Мицкоски, кој времето го мери на скапи часовници од 60 илјади евра кои вредат колку 150 минимални плати.

Не сака Мицкоски поголеми плати за работниците, сака само тендери

Back to top button
Close