Тошковски вчера направи „гантограмска ретроспектива“ , на СДСМ да им се провери деловната и медицинска состојба – Мицкоски брутално до СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон СДСМ, оценувајќи дека опозицијата секојдневно бара оставки и изнесува, како што рече, „лажни конструкции“.

„Не би ја коментирал опозицијата, бидејќи тие бараат оставка секој ден од секого. Министерот Панче Тошковски на прес-конференција направи јасна гантограмска ретроспектива на тоа што се случувало и како се случувало“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека не сака дополнително да ја коментира, како што ја нарече, „безидејната и мекотелна опозиција“.

Според премиерот, СДСМ претставува „најголема опасност за македонскиот идентитет и македонската држава“ и ги повика граѓаните со резерва да ги примаат соопштенијата што доаѓаат од седиштето на партијата на Бихаќка.

„Ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние конструкции што доаѓаат од Бихаќка, бидејќи имаат само една цел – да го разнебитат македонското ткиво и да нанесат удар врз македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.

Премиерот исто така обвини дека раководството на СДСМ во минатото било поврзувано со, како што рече, „криминални и неморални скандали“, како и со случаи поврзани со консумирање наркотични средства.

„Од таков тип луѓе мислам дека треба да се провери и нивната деловна и медицинска способност дали се подготвени да ја вршат работата што ја вршат“, изјави Мицкоски.

Back to top button
Close