Осмомартовски протест во Скопје: Без партиски обележја, со порака против системското игнорирање на жените

Screenshot

Осмомартовскиот марш ќе започне денеска во паркот „Жена борец“ од 12 часот. Овогодишното мото е „Нема да нѐ снема“, а одборот им посочи на сите кои ќе присуствуваат да понесат цвеќе.

„Утре ќе положиме цвеќе на споменикот на Жена-борец и на украдената биста на Вера Јоциќ за да им се заблагодари на сите паднати борки што си го посветиле животот на жесната слобода но и на сите кои ја изгубиле борбата во овој немилосрден систем“, стои во најавата.

Тие посочија дека маршот е граѓански порив против системско и долгогодишно бришење и игнорирање на жените.

„Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира“, додадоа тие.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close