ВМРО-ДПМНЕ: Хистеријата за мигрантите му се удри од глава на Филипче

СДСM и Венко Филипче последниов период се обидоа да шират паника во јавноста за некои измислени теми, со цел да купат по некој поен преку ширење дезинформации во јавноста. Eдна од тие теми беше темата за наводни мигранти во земјава од Велика Британија, реагираат од владејчаката ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа лажна конструкција на СДС беше демантирана од сите релевантни институции и беше јасно потврдено дека не постои никаков план да се донесат мигранти од Британија. Дополнителен демант на спиновите на СДС, стигна и од британскиот амбасадор во Земјава, Метју Лосон, кој истакна дека владата на Велика Британија нема ниту намера, ниту пак преговарала за наметнување решение кое не би било прифатливо за македонската Влада. Лосон особено нагаси дека таков договор не постои и никогаш не постоел“, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Со ова, како што нагласуваат од владејачката партија, целосно се разобличува уште една фабрикувана приказна на СДСМ, која имала за цел да внесе страв и да ја манипиулира јавноста.






