(ФОТО и Видео): Осмомартовски протест во Скопје

Почна осмомартовскиот марш. Маршрутата почнува во паркот Жена-борец по што групата ќе се упати кон Владата и кон Градскиот парк.

Организаторите апелираат оние кои сакаат да присуствуваат да дојдат со цвеќе, без партиски обележја и да не подлегнуваат на провокации.

„Маршот е чисто граѓански протест против системското долгогодишно бришење на жените и на него имаат право да се приклучат сите граѓани и граѓанки. Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира“, велат организаторите.



Извор: press24.mk






