Академик Живко Попов: Европскиот пат на Македонија е единствена опција


Македонија не може да биде поштедена од последиците од војните во Украина и на Блискиот Исток и мора да си го најде своето безбедно место во светот за тоа сведочат дипломатските усилби на Владата, порача во своето годишно експозе првиот човек на МАНУ, академик Живко Попов.

Според него, земјава мора да биде поддржана од повеќе внимателно избрани стратегиски партнери што само може да и донесе корист на државата.

Анализирајќи ја состојбата со евроинтеграциите, Попов заклучува дека земјава и натаму останува блокирана од ирационалниот спор.

Позитивен сигнал смета дека е стратегискиот договор со САД, но и со Обединетото Кралство што според него влева надеж кај македонскиот народ дека може да добие одредена поддршка во решавањето на билатералниот спор и подобрување на релациите со Брисел. Но, сепак дециден оти Европскиот пат на Македонија е единствена опција, а ЕУ свесна дека европскиот континент без Западен Балкан нема да биде комплетен.

Back to top button
Close