Сончево и топло, наутро – 4 степени, преку ден до 21
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Утре ќе се задржи претежно стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд






