Поради протестот на ССМ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Почетокот на протестот е закажан за 12:05 часот пред Работничкиот дом. Оттаму ќе продолжи пред Собранието, потоа пред Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата

Поради најавениот протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај, информираат од МВР. Почетокот на протестот е закажан за 12:05 часот пред Работничкиот дом. Оттаму ќе продолжи пред Собранието, потоа пред Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.
„Во 12:05 часот во организација на ССМ ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата ‘Мирче Ацев’, лево по ‘Филип Втори Македонски’, десно по ’11 Октомври’, право по ‘Димитрие Чуповски’, десно по ‘Васил Главинов’, право по булевар ВМРО, лево по булевар ‘Илинден’ до пред Владата“соопштија од МВР.
На посочените улици МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Оттаму апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници






