(ВИДЕО) Трендафилов: Утре сите патишта водат кон протестот во Скопје
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денес на прес-конференција ги повика сите работници утре да дојдат во Скопје и да се изборат за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.
– Живееме како сиромашни работници со богати газди и со уште пободати во Владата. Ве повикуваме да ги поддржите вашите семејства, вашите деца и внуци, да излезете на улица и да им покажете дека сакате вашата плата да се зголеми“ – вели Трендафилов.
Целата прес-конференција во продолжение:






