Чувар и уште две лица вдишале чад од пожарот во пречистителната во Мојанци
Вчера, во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани.

Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.
При обид да го изгаснат пожарот, В.И. (56) од с.Мојанци, кој бил на своето работно место како чувар и уште две лица вдишале чад, при што од страна на Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош.
За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден






