Се заканил дека ќе постави бомба и ќе нападне средно училиште во Тетово, приведен е 15-годишник

Полицијата во Тетово вчера изведе акција откако 15-годишен ученик од село Џепчиште почнал да испраќа закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во локално средно училиште. Малолетникот бил приведен околу 14 часот, а полициските службеници од СВР Тетово влегоа во неговиот дом вооружени со судска наредба за претрес.
Во акцијата која го потресе малото село Џепчиште, полицијата изврши претрес во домот и помошните простории на неговиот татко, 44-годишниот Б.М. Според соопштението, при претресот пронајдени се предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело. На местото присуствувале и социјални работници од Центарот за социјални работи Тетово.
Истиот ден, полицијата приведе и 18-годишник од соседното село Палатица, исто така под сомнение за слични закани.
Извор: fokus.mk






