Татко пријавил дека ќерка му ја нападнале соученички, па потоа натепал една од нив

На 12.03.2026 во 17:53 часот во СВР Скопје В.С.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив настанот го снимала со мобилен телефон.

На 13.03.2026 во 14:30 часот С.В.(52) од Скопје пријави дека на 12.03.2026 В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка која претходно физички ја нападнала ќерката на В.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close