Полицаец силувал и сексуално злоставувал малолетно момче во Велес две години

Полициски службеник е осомничен за кривично дело „Полов напад и силување“ извршено врз малолетник во Велес. Полицаецот вчера бил приведен, објави телевизија Телма.

-Пријавениот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот (2008) да извршува полово дејствие врз себе си, ни одговорија од МВР.

Момчето станало жртва на 16-годишна жртва, а сега го пријавило случајот.

-Однесувањето на пријавениот (полициски службеник) кај оштетениот во целиот временски период предизвикало чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае тоа што се случувало ќе има негативно влијание за него, одговоријаа од МВР.

Случајот е во истрага во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close