Преживеан од „Пулс“ со моќна објава: Животот ми даде втора шанса и ветувам дека ќе го живеам така како што заслужува

Еден од повредените во тешкиот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ се обрати до јавноста по повод едногодишнината од трагедијата. Иван Стојменов порача дека е благодарен што добил втора шанса за живот, опишувајќи како поминало неговото лекување и третман.

„Помина една година од нокта што засекогаш ми го промени животот. Нокта кога во дискотеката „Пулс” избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот и смртта беа толку блиску. Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завршив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба… борба за здив, за сила, за живот. Докторите велат дека е критично, но Господ имаше други планови“, објави Стојменов.

Тој посочи дека денес е тука, со лузни што засекогаш ќе го потсетуваат на таа ноќ.

„Лузни што не се само на кожата, туку и во душата. Таа нок никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме лугето што не успеаа да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ке останат во нашите срца.

Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат – животот е кревок. Секој ден е подарок. Секој здив е благослов. Денес сум благодарен на бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луге што беа покраі мене кога беше најтешко.

Животот ми даде втора шанса. И ветувам дека ќе ja живеам така како што заслужува. Никогаш да не се повтори.!!!!! Вечна им слава на починатите“, стои во објавата на Стојменов

Back to top button
Close