Гитаристот на ДНК се сретна со персоналот од болницата „Папаниколау“ во Солун што го лекуваше по трагедијата во Кочани: Бескрајно им благодарам

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој беше еден од повредените во трагичниот пожар во Кочани што се случи на денешен ден пред една година, објави фотографии од медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по пожарот.

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, заедно со дел од медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ од Солун / Фото: Фејсбук

Во објавата на Фејсбук, Тонев вели дека неговата благодарност кон нив е бескрајна.

„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“,пишува гитаристот на ДНК во објавата на Фејсбук.

Болницата „Георгиос Папаниколау“ во Солун беше еден од трите медицински центри во Грција што на 16 март минатата година ги отворија вратите на своите специјализирани оддели за изгореници. Меѓу пациентите кои беа хоспитализирани во солунската болница беа две девојки и едно момче на возраст од 19, 25 и 26 години

Back to top button
Close