Жител на Чашка запалил стрништа во неговиот блок кое се проширило на соседниот блок, повредени лица нема
Жител на Чашка запалил стрништа во неговиот блок кое се проширило на соседниот блок, повредени лица нема, информираат од СВР Велес.

-Полициски службеници од СВР Велес вчера во 15:10 часот го лишиле од слобода 36 годишниор Ж.Ј. од Чашка. Тој се сомничи дека вчера околу 12:00 часот на место викано „Оризи“ во атар на село Еловец, Општина Чашка, запалил стрништа во неговиот блок и предизвикал пожар кој се проширил и зафатил сува трева на соседниот блок. Повредени лица нема, а пожарот сам се изгаснал, соопшти СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава






