Робија од пет години доби Викторија, која во сообраќајка го усмрти Марјан возејќи во спротивен правец, па избега во Германија

Пет години робија доби Викторија З., која во 2025 година предизвика сообраќајка со тешки последици на патот Кавадарци-Неготино, каде загина Марјан Петровски од Велес. Таа од ноември минатата година е избегана во Германија, каде е уапсена и ќе биде екстрадирана.
Таа несреќата ја стори на 18 години, а пресудата е правосилна бидејќи адвокатот кој и е поставен по службена должност не поднел жалба до Апелација. Според истата, таа не возела внимателно и возела во спротивен правец. Испитувањата не покажале дека била алкохолизирана ил под дејство на опијати.
Во несреќата животот го загуби 40-годишниот Марјан, кој во автомобилот беше со две лица.






