Македонија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле со маларија од Африка


Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации. Станува збор за лица на возраст меѓу 40 и 60 години, од Скопје и Куманово, кои престојувале во Занзибар и Сиера Леоне.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентите биле соодветно лекувани во болнички услови и во моментов се наоѓаат во добра општа состојба. Благодарение на навремената дијагноза, спречени се потешки компликации кај двајцата патници.

Back to top button
Close