ВМРО-ДПМНЕ и врати на Кузеска: Ниту Филипче, ниту Шилегов се ВМРО-ДПМНЕ, заедничко за нив е тоа што се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

Како што велат, ниту Венко Филипче, ниту пак Петре Шилегов се дел од ВМРО-ДПМНЕ.

„За прес-конференцијата на Богданка Кузеска која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот, ниту другиот не се ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните.

Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту можат да направат нешто добро за државата, освен да ја заглават да не може потоа со години да се одглави“, велат од таму.

Back to top button
Close