Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа  – Една година затвор за насилникот кој тепаше бремена девојка

Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата бремена партнерка и ја држел заклучена во соба со часови.

Според судската пресуда, насилството се случило во семејниот дом во градот, кога напаѓачот ѝ го одзел телефонот и клучевите од автомобилот и ја затворил во просторија каде ја држел околу 15 часа. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди. Кога жената се онесвестила, тој ја разбудил со студена вода и продолжил со физичкото малтретирање.

Судот го прогласил за виновен за телесна повреда и противправно лишување од слобода, по што му била изречена единствена казна затвор во траење од една година.

Од Основен суд Свети Николе информираат дека пресудата засега не е правосилна, а обвинетиот останува во притвор до нејзиното конечнo потврдување, но не подолго од 60 дена

Back to top button
Close