Со донација од 300.000 евра од Фондацијата Илија Камчев, село Марена ќе добие уреден кеј на Овчка река

Кавадаречкото село Марена добива уреден и модерен кеј на Овчка Река. Во посета на Општина Кавадарци денеска беше фамилијата Камчеви кои се инвеститори на овој проект преку Фондацијата Илија Камчев, објави на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Инвестицијата е во вредност од 300.000 евра и се очекува проектот да биде реализиран за краток период. Општина Кавадарци упатува огромна благодарност до фамилија Камчеви за оваа донација која во целост ќе го промени ликот на нашата Марена. Камчеви, чие потекло е токму од село Марена, со оваа донација ќе остават белег и подобри услови за живот како за сегашните така и за идните генерации“ – напиша Јанчев.






