Георгиевски: Македонската нација е на последните места меѓу оние кои им помогнале на Евреите, нашите дедовци не биле толку големи херои како денешните Фејсбук патриоти
Екс-премиерот и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски обвинува за, како што вели, многу лицемерие во врска со депортацијата на македонските Евреи. Според поранешниот функционер, познат по своите контроверзни ставови, има една бројка која кажува сè за Македонија.

„Деновиве се начитав на многу лицемерие во врска со депортацијата на македонските евреи.Има една бројка која кажува се за нас:
Во Јерусалим постои мемориален музеј “Јад Вашем” во кој евреите имаат издвоено “Праведници меѓу народите” луѓе и институции кои им помогнале на евреите да бидат спасени.Од Македонија има само десет имијна кои спасиле седумнаесет евреи(од Албанија има седумдесет и пет кои спасиле 2000 евреи).Оваа бројка ја става македонската нација на последните места на нации кои им помогнале на евреите.Очигледно нашите дедовци не биле толку големи херои како овие денешнте Фејсбук патриоти.
П.С.
Има еден битолски Евреин Рафаел Кахми(починал 1970) кој вил член на Вмро и напишал спомени кои не се објавени во Македонија од причини што за македонската нација мисли исто како и Ванчо Михајлов.Но таму пишува за депортацијата во Солун кој бил под директна германска управа.Тој сведочи дека во Солун имало рабин кој ги убедувал самите евреи дека ништо нема да им случи лоша а и исто така евреjски групи учествувале во собирајнето на евреите.






