Во амбулантното одделение во Затвор-Идризово пронајдени четири пакувања со бела прашкаста материја

Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор-Идризово е пријавено дека во амбулантното одделение во установата биле пронајдени и одземени четири пакувања со бела прашкаста материја.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






