Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати


Првиот човек на ССМ – Слободан Трендафилов со порака до надлежните дека ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати, а не да се борат против податоците за сиромаштијата на својот народ.

Трендафилов потсети дека третина од работниците во Македонија работат и добиваат плата за својата работа, а се сиромашни затоа што платата им изнесува под 30.000 денари или под прагот на сиромаштија во Македонија кој изнесува 31.200 денари.

„За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, за три месеци цената на нафтата за литар поскапа за 27.50 денари или за без малку 50 % зголемување, а тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари“, порача Трендафилов.

Back to top button
Close