Акција на Деве Баир: Косовар се обидел да прошверцува стока вредна над 300.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Ј.(39) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.
На 11.03.2026 на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, при преглед на неговиот багаж во автобусот со кој допатувал, биле пронајдени и одземени поголема количина на текстилна роба и повеќе штеки цигари без документација, со вкупна вредност од 300.708 денари.






