За Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје за време на продолжениот викенд по повод празникот Рамазан Бајрам ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат надлежните.
„Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар.
Во сабота (21.03.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 18:00 часот).
Жичницата за време на продолжениот викед ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот“, информираат од ЈСП.






