Откриена бременост кај 14-годишно девојче од Скопје на ГАК, мајката пријавила во полиција

Мајка од Скопје во полицијата пријавила дека нејзината малолетна ќерка е бремена, а подоцна и самото девојче признало дека имала доброволни полови односи со својот дечко кој исто така бил малолетен.– На 28.03.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека, откако се посомневала, ја однела нејзината 14-годишна ќерка на преглед на ГАК при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што и било потврдена дека малолетничката била во поодмината бременост, информираа од МВР.

Според пријавеното, после тоа нејзината ќерка ѝ признала дека во текот летото во 2025 година доброволно имала полови односи со малолетник со кој била во врска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close