(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Голем пожар целосно ја уништи дискотеката „Kiss-Club“ во Кел, но благодарение на брзата реакција, сите околу 750 посетители успеале навреме да се евакуираат.

Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 3:45 часот, кога огнот бил забележан на покривот на објектот во индустриската зона на градот.

@clara._sch2La peur de ma vie…♬ son original – Cla 🫀

Кога пристигнале првите противпожарни екипи, дискотеката веќе била целосно зафатена од пламен.

„Сите лица успеале самостојно да излезат од објектот“, изјави командирот на интервенцијата, додавајќи дека на дел од посетителите им била укажана медицинска помош на лице место.

Поради сериозноста на пожарот, областа околу клубот била обезбедена, а гаснењето траело со часови.

@cheryne_curvylife Dinguerie 🤯🔥 je suis choquée 😱 #viral #strasbourg #pourtoi ♬ original sound – SPAM LIKE = BLOCK

Причината за пожарот засега не е позната, а криминалистичката полиција веќе започнала истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close