Савевски ги повикува новинарите на внимателно и коректно коментирање за Пулс

По последните одлуки на Совет на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавно обвинителство на Република Македонија соопшти дека се преземени сите неопходни чекори за да се обезбеди ефикасно и непречено водење на тековните постапки. Оттаму уверуваат дека ниту еден започнат предмет нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, потенцирајќи дека во судниците ќе има обвинители подготвени да ги застапуваат обвиненијата.

„Затоа Јавното обвинителство апелира на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање на јавноста, особено за предметите поврзани со кочанската трагедија, бидејќи сите јавно изнесени шпекулации и невистини за тоа како промената на јавен обвинител би можела да се одрази врз постапките кои се во тек, длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите, но и целокупната јавност. Воедно, упатуваме повик до Здружението на новинари и до другите професионални организации да апелираат и да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии за да не се дозволи неосновано зголемување на болката и страдањата, односно нова виктимизација на најпогодените од овој трагичен настан“, стои во соопштението од Обвинителството.

Тие додаваат: „Апелираме и до сите останати повикани јавно одговорни чинители да придонесат за ефикасност на постапките, но и за одмереност во јавните настапи и коментари каква што налага сериозноста на последиците и колективната траума предизвикана од пожарот во “Пулс”. Имајќи ја предвид сериозноста на овој настан, сите јавни личности кои имаат општествено влијание треба да внимаваат да не предизвикуваат неоснован немир во јавноста преку изјави, објави на социјални мрежи или која било друга форма на јавно изразување која би била вознемирувачка. Како држава, на повредените и на семејствата на жртвите, но и на сите граѓани, им должиме законита и достоинствена судска постапка која ќе ги даде одговорите и очекуваната правда. Јавното обвинителство презема се што е во негова надлежност за тоа да го испорача, без непотребни одолговлекувања и усложнувања.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close