Белата куќа: Иран во четири очи е многу покооперативен отколку во јавноста


Белата куќа соопшти дека преговорите со Иран напредуваат успешно, нагласувајќи дека јавната реторика на Техеран значително се разликува од она што нивните претставници го изнесуваат во приватните разговори со американските официјални лица.

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит изјави дека и покрај јавното „перчење“ на режимот, Иран во доверливите дискусии веќе прифатил дел од американските услови.

Оптимизам изрази и државниот секретар Марко Рубио, кој оцени дека во иранската хиерархија постојат „пукнатини“ и дека се појавуваат фигури подготвени за дијалог на начин кој претходно бил незамислив. Рубио потврди дека комуникацијата се одвива директно, но и преку трети страни.

Левит додаде дека претседателот Доналд Трамп инсистира на договор до крајниот рок на 6 април и ја разгледува опцијата арапските земји да ги покријат трошоците за војната против Иран.

Таа нагласи дека САД не прифаќаат Иран да наплаќа такси за бродовите што поминуваат низ Ормуската Теснина, информирајќи дека во наредните денови се очекува безбедно минување на 20 танкери низ оваа стратешка точка.

Back to top button
Close