Трамп ги повика земјите што не помогнаа во нападите врз Иран „сами да си ја земат нафтата“ од Ормуската Теснина
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика земјите што не помогнаа во нападите на САД и Израел врз Иран да купат американска нафта и да одат во Ормуската Теснина и „едноставно сами да си ја земат“.

Трамп особено ги издвои Велика Британија и Франција како некорисни во едномесечната војна, која ги потресе глобалните пазари, ги зголеми цените на енергијата и доведе до тоа Иран ефикасно да го запре сообраќајот на танкерите за нафта низ Теснината.
„Сите оние земји што не може да добијат гориво за авионите поради Ормуската Теснина, како Обединетото Кралство, кое одби да учествува во обезглавувањето на Иран, имам предлог за вас: број 1, купете од САД, го имаме доволно и, број 2, соберете малку одложена храброст, одете во Теснината и сами ЗЕМЕТЕ“, наведе Трамп во објава на „Тру соушал“.
„Ќе мора да почнете да учите како да се борите за себе, САД повеќе нема да бидат таму да ви помогнат, исто како што вие не бевте таму за нас“.
„Тешкиот дел заврши. Одете да си ја земете нафтата!“
Тој исто така ја критикува Франција што не дозволува авиони што носат воена опрема за Израел да летаат над нејзина територија.






