Сандро Кастро: Кубанците сонуваат за капиталистичка револуција

Внукот на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, Сандро во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен изјави дека мнозинството Кубанци се за капиталистичка, а на за комунистичка револуција.

– Голем број луѓе на Куба сонуваат за пат во капитализам, многу се за капитализам со суверенитет … мнозинството Кубанци се за капитализам, а не за комунизам, истакна Сандро Кастро.

Сандро Кастро, кој е кубански инфлуенсер, на социјалните мрежи ја критикува власта во Куба, поради што, како што тврди, Службата за државна безбедност го повикувала на разговор, но само го „укорила“, не само што има легендарно презиме, туку и поради тоа што никогаш не повикал на насилство или промена на режимот.

– Ние мораме да го отвориме својот економски модел, да ја отстраниме бирократијата. Јас сум револуционер, но револуционер на идеи, напредок, промени, истакна Сандро Кастро.

Back to top button
Close