Имаме челични докази против 13-те полицајци за пожарот во „Пулс“, правдата нема да застане тврди обвинителството

Новата застапничка на обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, обвинителката Спасенка Андонова, денеска упати силна порака по одложувањето на рочиштето во Кривичниот суд. Таа децидно изјави дека Обвинителството е потполно подготвено и верува во цврстината на доказите против 13-те полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Иако предметот го презеде од обвинителката Ивана Трајчева, Андонова тврди дека е целосно запознаена со материјалите и нема да дозволи никакво одолговлекување на процесот.

„Секогаш кога поднесуваме обвинение, значи дека сме сериозно уверени во доказите со кои располагаме. Судот е тој што треба да ја донесе конечната одлука, но застај во постапките нема да има“, изјави Андонова пред судот.

Back to top button
Close