Сведокот Мартин за смртта на Ивана и Катја: Ме избркаа од полиција кога сакав да пријавам насилство

Денешното рочиште за смртта на Ивана и нејзината ќерка Катја донесе низа потресни детали и меѓусебни обвинувања во Кривичниот суд. Сведокот Мартин Саздов пред судијата откри дека кога се обидел да пријави насилство врз Ивана, бил брутално избркан од полициска станица со зборовите: „Кој си ти да пријавуваш?“.

Саздов сведочеше за пеколот низ кој поминувала Ивана, тврдејќи дека обвинетиот Стојанче Јовановски ја тепал, ја газел по стомакот и ја присилувал да се дрогира.

„Ја навредуваше малата Катја со погрдни зборови, велејќи дека ќе стане како мајка ѝ. Ивана беше преплашена, постојано се грижеше каде ќе живеат ако заминат од станот“, истакна Саздов во својот исказ.

Back to top button
Close