Америка предупредува: Албанија е под закана, ирански терористи може да нападнат молови и хотели

Амбасадата на Соединетите американски држави во Тирана предупреди дека групите поврзани со Иран би можеле да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија.

„Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија. Тие исто така може да таргетираат вообичаени локации, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Ги поттикнуваме граѓаните на САД да бидат претпазливи“, се вели во соопштението на амбасадата.

Амбасадата на САД им советуваше на своите граѓани кои живеат во Албанија да бидат внимателни и да ги следат локалните медиуми за новости.

„Бидете свесни за вашата околина и прегледајте ги вашите лични планови за безбедност и држете го мобилниот телефон наполнет за итен случај“, се додава во соопштението.

 

Back to top button
Close