Иран одговори на заканите на Хегсет за враќање во камено доба


Амбасадата на Иран во Јужна Африка реагираше по објавата на Икс на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Хегсет на платформата Икс објави „Враќање во камено доба“, алудирајќи на Иран.

– Камено доба? Во време кога вие сè уште живеевте во пештери и го баравте огнот, ние ги впишавме човековите права на цилиндарот на Кир. Го преживеавме нападот на Александар и монголската инвазија и опстанавме, бидејќи Иран не е само земја, туку и цивилизација, објави Амбасадата на Иран на Икс.

Американскиот претседател во последното обраќање се закани дека ќе го врати Иран во „камено доба каде што и припаѓа“, а слични пораки испратија и членови на американската администрација.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close